Вкус од детството: Чоколаден ролат со желе

Чоколадниот ролат е колачот кој многумина од нас ги потсетува на детството и деновите поминати со бабите.

Cokoladna-salama-01.jpg

Неговата брза и лесна подготовка е причината што нашите баби често знаеа да ни го подготват штом кажевме дека ќе одиме да ги посетиме.

Со овој лесен рецепт ќе се потсетите на тој заборавен вкус од детството, но и ќе направите вкусен и убав десерт за сите околу вас.

Состојки:

За чоколадна смеса:

  • 150 g путер (70 + 80)
  • 100 g шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 150 g темно чоколадо (40% какао)
  • 1 лажица рум

Суви состојки:

  • 50 g бисквити со путер
  • 50 g печени ореви и лешници мешано
  • 50 g желе
  • 100 g сушено или кандирано овошје

За декорација:

  • 30 g какао или шеќер во прав

Начин на подготовка:

Испечете ги оревите и лешниците и ставете ги во крпа, така што ќе ги истриете за да паднат лушпите. Исечкајте ги на парчиња и ставете ги во поголем сад.

Сувото овошје и желето исечкајте ги на парченца и додадете ги во садот. Бисквитите искршете ги и исто така додадете ги во садот.

Во сад на пареа стопете 70 g путер, 100 g шеќер во прав и едно јајце и мешајте со жица за матење за состојките убаво да се соединат и да почнат да вријат (околу 5 минути).

Откако смесата убаво ќе се згусне, тргнете ја настрана од оган и додадете 150 g претходно растопено чоколадо.

Кога смесата што ја готвевте на пареа ќе се излади, додадете 80 g претходно изматен путер и убаво измешајте. Додадете 1 лажица рум и сите сечкани состојки.

Убаво измешајте и обликувајте го ролатот, со помош на најлонска фолија или посебен калап. На крај, ставете го во фрижидер најмалку 4-5 часа да се стврдне.

За декорација, натапкајте чоколадо во прав, шеќер во прав или ситно стругано чоколадо, по ваш избор.  

vkus-od-detstvoto-cokoladen-rolat-so-zele-4.jpg

vkus-od-detstvoto-cokoladen-rolat-so-zele-5.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg