Летен десерт без печење: Чизкејк коцки со чоколадо

Чизкејкот е еден од колачите кои многумина го обожаваат токму заради неговата едноставност и одличниот вкус.

Vistinsko-sovrsenstvo-cheesecake-od-jagodi-i-sladoled-prelien-so-cokolado-1.jpg

Тој е совршено разладување за жешките летни денови кога сакате да каснете некој лесен колач кој нема да ви предизвика мачнина во стомакот.

Ако тој бил еден од вашите омилени колачи, после овој рецепт сигурно ќе го засакате уште повеќе - има ли нешто подобро од комбинација на чизкејк и сладолед? А, доколку на тоа додадеме и јагоди и чоколадо... мислиме дека доволно ве мотивиравме, време е да влезете во кујната и да почнете со готвење.

Состојки:

  • 220 g маскарпоне сирење
  • 470 g сладолед од јагоди
  • 250 g бисквити, искршени
  • 250 g јагоди, исечкани
  • 200 g темно чоколадо

Начин на подготовка:

1. Во поголем сад изматете го со миксер крем сирењето, а потоа додадете го сладоледот, искршените бисквити и јагодите.

2. Добиената смеса истурете ја во правоаголен сад, обложен со хартија за печење.

3. Оставете ја смесата во фрижидер околу 4-6 часа.

4. Извадете ја смрзнатата смеса од садот со помош на хартијата и исечете согласно саканата форма.

5. Во друг сад стопете го темното чоколадо и секое парче чизкејк потопете го во чоколадо.

6. Декорирајте со кршени бисквити додека чоколадото не се изладило.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg