Без јајца, млеко и путер: Чоколадна торта која се прави во еден сад

Не постои човек на планетата Земја кој не сака да јаде чоколадна торта. А, ако не морате да внимавате на килограмите тогаш чоколадната торта е најубавото задоволство кое можете да си го дозволите.

bez-jajca-mleko-i-puter-cokoladna-torta-koja-se-pravi-vo-eden-sad-1.jpg

Ако ви е смачено од купот садови за миење после готвењето овој рецепт е совршен за вас. Потребен ви е само еден поголем сад каде ќе измешате сè, без да направите целосен хаос во кујната.

Состојки:

  • 500g брашно
  • 3 лажици какао во прав
  • 225g шеќер
  • 1 лажичка печиво
  • ½ лажичка крупна сол
  • 1 лажичка оцет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажици масло
  • 240ml вода

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте ја со путер или масло тавата за печење.

Додадете ги сите суви состојки во тавата за печење и убаво измешајте.

Направете 3 дупчиња и додадете го оцетот, екстрактот од ванила и маслото. Додадете ја водата и убаво измешајте со виљушка додека не добиете хомогена смеса.

Печете 35 минути на температура од 180 степени.

Почекајте да се излади па прелејте ја со Нутела, стопено чоколадо или друг прелив по ваш избор.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаста торта со ф’стак и чоколадо - совршен есенски десерт Доволен е еден залак од овој кремаст десерт да се заљубите во вкусот кој е комби...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за лесен посен ручек: Компири со праз и коприва Ако немате идеја за ручек, а не сакате да минувате многу време во кујна, сигурно...
За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста  Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чок...
Брзи и вкусни колачиња кои мора да ги имате на празничната трпеза Таканаречените путер колачиња се најлесни за подготовка, а можете да ги декорира...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg