Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 здрави оброци кои се прават за 10 минути

Секогаш недостасува време за готвење и здрава исхрана. Понекогаш немаме време да направиме ниту појадок, а не пак да размислуваме што ќе готвиме во 17 часот попладне, кога сме преморени од работниот ден.

10-zdravi-obroci-koi-se-pravat-za-10-minuti-1.jpg

Обично кога се враќаме дома бараме нешто брзо за подготовка, па така запаѓаме во замката на нездравите производи и рецепти.

За среќа, постојат барем 10-тина здрави рецепти кои се готови за 10 минути.

Пробајте барем еден уште денес:

Салата од јаболка, калинка и бадеми

  • 6 шолји зелена салата
  • 1 шолја бадеми
  • 2 јаболка
  • ½ шолја фета сирење
  • ¾ шолја семки од калинка

Исечете ги јаболката на коцки, помешајте ги со зелената салата, бадемите, фета сирењето исто така исечено на коцки и семките од калинка. На крајот пропрскајте со лимонов сок или оцет, а по желба може да ставите и малку мак. Промешајте и на здравје!

10-zdravi-obroci-koi-se-pravat-za-10-minuti-2.jpg

Сендвич од наут, авокадо и брусници

  • 420g конзервиран или варен наут
  • 1 големо зрело авокадо
  • 2 лажици сок од лимон
  • ½ шолја суви брусници
  • 6 парчиња леб
  • Малку свежа рукола
  • Сол и бибер

Изгмечете го конзервираниот или варен наут, па потоа додајте го авокадото и мешајте додека не добиете густа паста. Додајте ги брусниците, сокот од лимон, сол и бибер по вкус и добро измешајте. Потпечете го лебот и намачкајте со смесата. Наредете неколку ливчиња рукола и покријте со второ парче леб.

10-zdravi-obroci-koi-se-pravat-za-10-minuti-3.jpg

Омлет во домати

  • 4 големи домати
  • 3 јајца
  • 100g сирење
  • 2 лажици магдонос или копар
  • Сол и бибер

Измијте ги доматите и исечете ги дршките. Внимателно извадете ја средината со лажица. Изрендајте го сирењето и изматете го заедно со јајцата. Потоа додадете го сечканиот зеленчук и зачинете. Смесата од јајцата ставете ја во доматите и покријте со нивната внатрешност која претходно ја извадивте. Ставете ги да се потпечат на висока температура околу 5 минути.

10-zdravi-obroci-koi-se-pravat-za-10-minuti-4.jpg

Каша со банани и ореви

  • 1 банана
  • 30g бадеми
  • 20g ленено семе
  • 10g ореви
  • 1 јајце
  • 1 белка
  • 50ml млеко
  • Цимет по вкус

Со виљушка гмечете ја бананата додека не добиете пире. Оревите сомелете ги бадемите и ленените семки, а оревите исечкајте ги на ситни парчиња. Ставете ги бананите, јаткастите плодови и семките во тава, потоа додајте го јајцето и белката, па прелијте со млеко. Добро мешајте. Варете ја смесата на средна температура 5-7 минути. Украсете со цимет и цели ореви.

10-zdravi-obroci-koi-se-pravat-za-10-minuti-5.jpg

Сладок тост со мед и лешници

  • 3 лажици лешници
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 2 парчиња интегрален леб
  • 3 лажици павлака
  • 2 лажици мед

Исечкајте ги лешниците и прелијте го со маслиновото масло. Оставете го да отстои. Павлаката премачкајте ја врз парчињата леб, а потоа додајте ги лешниците, па прелијте со мед.

10-zdravi-obroci-koi-se-pravat-za-10-minuti-6.jpg

Уште 5 рецепти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Пролетен појадок за слабеење: Розов чиа пудинг со јагоди, банани и овес Ако и вие сте од оние на кои им се чини дека чиа пудингот не ги заситува доволно...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Портокалопита - грчки десерт за сечиј вкус Еден од најубавите грчки колачи, кои секогаш потсетуваат на летување и море е ни...
Кремаста торта со ф’стак и чоколадо - совршен есенски десерт Доволен е еден залак од овој кремаст десерт да се заљубите во вкусот кој е комби...
За велигденската трпеза: Гнезда од кадаиф полнети со Нутела и чоколадни јајца Овие тартови кои наликуваат на гнезденца со јајца се прават многу брзо и лесно, ...
Крцкави печени лепчиња со путер и лук Ова јадење можете да го направите за појадок или вечера - ќе го обожава целото с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg