Портокалопита - грчки десерт за сечиј вкус
-->
Еден од најубавите грчки колачи, кои секогаш потсетуваат на летување и море е нивната портокалопита.
Колачот кој се прави со готови кори и портокал е меѓу омилените грчки колачи.
-->
Ако сте го пробале и ви се допаѓа неговиот вкус, сега можете брзо и лесно да го направите дома.
Потребни состојки:
За шербетот:
- 500g шеќер
- 500ml вода
- 300ml сок од портокал
За колачот:
- 1 пакување кори за пита
- 2 големи портокали
- 200g шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 250ml масло
- 250ml млеко
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 3 јајца
Начин на подготовка:
- Најпрво подгответе го шербетот. Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и сокот од портокал, па варете ги на средна температура.
- Кога ќе почне да врие, тргнете го на страна и оставете го целосно да се излади.
- Вклучете ја рерната на 100°С на режим на вентилатор (ако имате).
- Во плехот за печење наредете ги корите една до друга како хармоника и печете 1 час.
- Додека се печат корите, портокалите измијте ги и изрендајте ја кората, па тргнете ја на страна, а портокалите ставете ги во тенџере со вода и варете ги 1 час.
- Кога ќе ги извадите корите од рерната, почекајте малку да се изладат, а потоа издробете ги на ситни парченца, додека не станат речиси во вид на прав.
- Наместете ја рерната на 160°С, исто така на режим на вентилатор.
- Сварените портокали извадете ги од водата и исцедете ги, а остатокот ставете го во процесор за храна и изблендирајте го.
- Спојте ги блендираните портокали со шеќерот, ванилиниот шеќер, трите јајца, млекото, маслото, додајте ги сокот и кората од портокал, прашокот за пециво и содата бикарбона сода.
- Убаво изматете со миксер, а потоа во смесата постепено додавајте ги искршените кори.
- Смесата истурете ја во плех премачкан со масло и малку брашно и печете 40-50 минути.
- Извадете го колачот од рерна и прелијте го со шербетот кој е целосно изладен.
- Оставете добро да се впие, најмалку 1 час (или поубаво, оставете го преку ноќ).
- Послужете го со сладолед ванила.
Видео постапка:
-->
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
-->