Свежа летна салата со аспарагус
Сите сакаме салати, а причините се многубројни – припаѓаат во семејството здрава храна, немаат многу калории и заситуваат.
Доколку ви здосадија стандардните мешани салати, време е да пробате нешто поинакво – свежа пролетна салата со аспарагус, домати и балсамико.
Еве и неколку дополнителни причини зошто треба да го вклучите овој зеленчук во исхраната: ниска калорична вредност (само 20 калории во 100 гр. свеж производ), голема количина на растителни влакна кои го помагаат варењето на храната, одличен извор на антиоксиданти, богат со витамините од Б-комплекс групата, како и витамин Ц, витамин А и витамин Е.
Не ви е потребно повеќе убедување, нели?
Потребни состојки:
- 900g свеж аспарагус
- 300g шери домати
- 2/3 шолја потпечени ореви
- 115g фета сирење
За прелив:
- 6 лажици оцет балсамико
- ¼ шолја маслиново масло
- 2 лажички сенф
- 2 лажички мед
- 1 сечкано лукче
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
Аспарагусот се вари во зовриена вода 4-5 минути. Слично како и брокулата, внимавајте да не го преварите, односно да остане крцкав. Прецедете и префрлете го во сад со ладна вода и малку мраз, за да се задржат добрите состојки и свежината.
Подгответе го преливот на тој начин што ќе го ставите балсамико оцетот во мало тавче да зоврие. После 3 минути, откако ќе се згусне и ќе се намали на половина количина од почетната, тргнете го и почекајте добро да се излади. Измешајте ги сите состојки за преливот – маслото, сенфот, медот и лукчето.
Истурете го преливот врз аспарагусот, шери доматите и оревите. Додадете сол и бибер по вкус. Добро измешајте. На крајот, додадете го здробеното фета сирење.
Добар апетит!
(О)Милена | Црнобело