Гранита – совршено нискокалорично летно уживање (видео)

Гранитата е полузамрзнат десерт, направен од шеќер, вода и различни ароми, според вкусовите на купувачите.

granita-sovrsheno-niskokaloricno-letno-uzivanje-video-01.jpg

Потекнува од Сицилија, а во Италија е достапна во многу различни форми. Нејзината структура всушност варира од град во град, некаде се продава со поостра, кристална структура, а некаде е мазна како шербет.

Изгледот на гранитата најмногу зависи од различните техники на замрзнување.

За разлика од сладоледот кој е во вид на крем, гранитата е сосем спротивна, што ја прави мошне различна и едно од најубавите летни уживања.

Доколку сакате да се освежите и засладите истовремено, без дополнителните калории од сладоледот, ова е одлична можност да си направите домашна гранита, со вкус и додатоци по ваша желба.

Granita_jagoda_5.jpg

За уште помалку калории, наместо бел шеќер, употребете кафеав шеќер или стевија.

За подготовка на гранита со свежи јагоди, погледнете го видеото.

Сè што ви е потребно е: вода, шеќер, овошје (во овој случај јагоди, но може да употребите и некое друго) по ваша желба и малку сок од лимон.

Измешајте ги сите состојки во блендер, додека не добиете густа смеса и истурете ја во тавче.

Ставете го тавчето во замрзнувач, околу 2 и пол часа.

Површината на гранитата „се гребе“ со виљушка, со цел да добиете мали кристали.

Granita_jagoda.jpg

Granita_4.jpg

Уживајте!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg