Сочен и брз ручек: Пилешко филе ала италијана

Италија и нејзината кујна отсекогаш биле инспирација за многу рецепти кои на некој начин се обидуваат да вметнат дел од класичните италијански тајни.

Pilesko-file-ala-italiana-01

Ова е токму таков рецепт во кој пилешкото филе декорирано со боите на Италија (и секако препознатливите италијански производи) ќе бидат одлична идеја за вашиот ручек.

Одличниот вкус ќе биде главната причина што овој рецепт ќе ви стане омилен, а брзата подготовка и минималниот труд се нешто кое дополнително ќе ве натера да го засакате.

Потребни состојки:

  • Пилешко филе
  • Моцарела
  • Домати
  • Босилек
  • Павлака за готвење
  • Песто сос
  • Сол и црн бибер

Подготовка:

1. Засечете го пилешкото филе на повеќе места.

pilesko-file-ala-italiana-1.jpg

2. Во секој засек ставете парче моцарела, домат и босилек.

pilesko-file-ala-italiana-2.jpg

3. Вака подготвеното филе ставете го во сад за печење и зачинете го со сол и црн бибер.

pilesko-file-ala-italiana-3.jpg

4. Прелејте со павлака за готвење и додадете малку песто.

pilesko-file-ala-italiana-4.jpg

5. Печете 30 минути на температура од 180°C. 

pilesko-file-ala-italiana-5.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд рецепт: Сочно пилешко месо и зеленчук, како од ресторан Како да подготвите цела кокошка, но без месото одвнатре да биде суво и жилаво? С...
Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, н...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
Оригинален италијански рецепт за шпагети карбонара - ќе се заљубите во специфичниот вкус За шпагетите карбонара во 2000-та година беше посветен и филм насловен „La Carbo...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Омилениот сладолед на Дуа Липа е хит на ТикТок – ванила со маслиново масло и сол Го пробавте ли новиот кулинарски тренд? Комбинацијата за сладолед по рецепт на Д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg