4 нови начини како да подготвите полнети печени компири
Сакате да зготвите нешто убаво и лесно без сепак да потрошите многу време во кујна?
За вакви оброци секогаш можете да се потпрете на компирите. Ние ви нудиме неколку лесни и едноставни рецепти со кои ќе оставите впечаток кај сите без да вложувате голем напор.
Печени компири со домати и рикота
Состојки:
- 2 компири
- 2 чаши шери домати (околу 20-30)
- 1 лажичка маслиново масло
- сол и бибер
- 1 чаша рикота (или кое било друго крем сирење)
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200°C. Премачкајте ги компирите со маслиново масло, ставете ги на плех за печење и печете додека не омекнат (боцнете ги со нож за да проверите). Ова трае околу еден час.
2. Ставете алуминиумска фолија врз тава за печење и наредете ги доматите врз неа. Испрскајте ги со 1 лажичка маслиново масло и сол и бибер.
3. Во текот на последните 15 минути на печење на компирите ставете ги и доматите во рерната и оставете ги таму додека не почнат да се одделуваат.
4. Направете неколку засеци на компирите и ставете ја рикотата и печените домати врз нив. Наросете свежи зачини одозгора.
Јајца печени во издлабен од компир
Состојки:
- 4 поголеми печени компири
- 4 лажици путер
- 4 јајца со средна големина
- кромид
- колбас
- кашкавал
- сол и бибер
Подготовка:
1. Пресечете ги компирите на пола ако сте ги печеле цели или ако сте ги печеле на пола извадете дел од средината. Ставете по 1 лажица путер во секој вдлабнатина. Додадете сол и бибер.
2. Скршете по едно јајце во секој компир и ставете парчиња исечкан колбас врз него (или алтернативно додадете кромид, свежи билки, кашкавал). Наросете од омилените зачини.
3. Печете во претходно загреана рерна на температура од 190°C околу 20-25 минути или додека јајцата не се испечат.
Печени компири со морска сол и рукола
Состојки:
- 2 поголеми компири
- морска сол
- путер или маслиново масло
- рукола
- 1 лажица шампањ или винска киселина
- 1 лажичка сенф
- 1 жолчка од јајце
- 100ml маслиново масло
- 2 лажици рендан пармезан
- 2 лажички сок од лимон
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200°С. Измијте ги убаво компирите, исушете ги и издупчете ги со виљушка па посолете ги со морската сол. Печете додека не омекнат – околу еден час или помалку во зависност од големината на компирите.
2. Додека компирите се печат, подгответе го сосот. Прво измешајте ги заедно винската киселина, сенфот, жолчката и маслиновото масло и додајте прстофат сол. Потоа додадете го пармезанот и сокот од лимон.
3. Засечете го секој компир во форма на икс, внимателно држејќи за краевите. Благо повлечете го за да направите место за филот. Ставете малку путер или маслиново масло во средината а потоа измешајте ја руколата во сосот и додадете ја врз компирите.
Пица-компири
Состојки:
- 3 поголеми компири
- кечап
- 2 чаши рендан кашкавал
- парчиња салама
Подготовка:
1. Пресечете ги компирите по должина и издлабете мала вдлабнатина во средината. Печете ги во микробранова 12-15 минути.
2. Додадете малку сол и ставете кечап. Ставете го кашкавалот одозгора и врз него наредете ги парчињата салама.
3. Ставете ги компирите на плех за печење и ставете ги да се допечат во претходно загреана рерна на 200°C околу 15 минути или додека кашкавалот не се растопи. Извадете ги, оставете да се се изладат и послужете.
М. С. | Црнобело