Највкусната пица со тесто од карфиол: Рецепт кој ќе ви помогне во слабеењето
Ако сакате пица, со овој рецепт можете да уживате во омилениот вкус без да чувствуваат грижа на совест поради калориите што ги внесувате.
Постои тесто без брашно кое, верувале или не, е подеднакво вкусно како и стандардното тесто за пица.
За овој рецепт треба само да го замените вообичаеното тесто за пица со тесто направено од карфиол.
Највкусното тесто за пица од карфиол:
Потребни состојки:
За тесто:
- 1 главица карфиол
- 2 јајца
- 2 лажици рендан пармезан
- 2 лажици рендана моцарела
- Еден прстофат сол, малку бибер
- 1 лажичка куркума
- 1 лажица маслиново маслo
За фил:
- 3 супени лажици маслиново масло
- 50g сос од домати
- 100g кашкавал
- 200g моцарела
- 2 домати
Начин на подготовка:
- Најпрво карфиолот поделете го на помали парчиња и ставете во блендер. Блендирајте додека не добиете ронлива смеса.
- Потоа ставете го во сад и варете додека не омекне. Кога ќе се олади, завиткајте ја смесата во чиста крпа или газа, а потоа со раце исцедете го вишокот вода.
- Смесата треба да биде добро исцедена бидејќи така тестото нема да биде лепливо по печењето.
- Така исцедениот карфиол измешајте го со јајцата, зачините и другите состојки за тестото.
- Распоредете го добиеното тесто во тава со хартија за печење.
- Смесата премачкајте ја со маслиново масло и печете 12 до 15 минути на 220°C, односно додека тестото не стане крцкаво.
- На тестото додајте сос од домати, кашкавал, моцарела, домати и уште малку маслиново масло.
- Печете додека не се растопи кашкавалот и доматите не омекнат, односно околу 10 минути.
-->
-->
В. К. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...