По рецептот на баба: Лешник пуслици

Пуслиците се сладок десерт кој не потсетува на домот на нашите баби, кои традиционално го подготвуваат овој брз и едноставен рецепт уште многу одамна.

po-receptot-na-baba-leshnik-puslici-01.jpg

Па, доколку сакате да го почувствувате мирисот на свежо печени пуслици и во вашиот дом, можете да го пробате овој рецепт.

po-receptot-na-baba-leshnik-puslici-1.jpg

Потребни состојки:

  • 3 белки
  • 250g шеќер
  • 1 лажичка оцет
  • 250g лешници (половина мелени, половина цели)


Подготовка:

3-те белки сматете ги за да добиете цврста пена. Во белките додадете го шеќерот, лажичката оцет и мелените лешници.

po-receptot-na-baba-leshnik-puslici-2.jpg

Сè добро промешајте за да добиете компактна смеса.

po-receptot-na-baba-leshnik-puslici-3.jpg

Загрејте ја рерната на 120 степени. Земете еден поголем плех и обложете го со хартија за готвење.

Од смесата направете мали кугли со големина на лешник (пречник од 1.5cm) и на секоја кугла ставете по еден лешник.

po-receptot-na-baba-leshnik-puslici-4.jpg

Пуслиците печете ги додека не заруменат од доле. Превртете една со нож и проверете. Долу треба да бидат со златна боја, а на допир меки.

po-receptot-na-baba-leshnik-puslici-5.jpg

Извадете го плехот од рерна и оставете ги да се оладат.

po-receptot-na-baba-leshnik-puslici-6.jpg

po-receptot-na-baba-leshnik-puslici-7.jpg

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Сочни раженчиња од макарони - предјадење што ќе ги импресионира сите (особено децата) Наместо од месо, раженчињата може да бидат и од тестенини - поинакви, вкусни, ќе...
Рецепт за домашни гумени бонбони со овошен сок Гумените бонбони се привлечни за децата, а покрај купените од продавни...
Потпечено пилешко со брокули и пармезан Во сезоната на брокули, подгответе вкусен ручек со брокула и пилешко... Во се...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Викенд рецепт: Летна мусака со компири и спанаќ Наместо класичната мусака приготвена со месо и компири, направете нешто поинакво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg