Ручек за мрзливи: Крцкава пица од стар леб

Кога нема да ви се готви, а сепак ќе ви се јаде нешто сочно, наместо да порачувате пица - направете си домашна.

rucek-za-mrzlivi-krckava-pica-od-star-leb-01.jpg

Предноста е што стариот леб ќе добие многу подобар вкус и нема ништо да фрлите.

Ви требаат само неколку состојки кои веројатно ги имате во фрижидер:

  • 10тина парчиња (сув) леб
  • 100g кајмак
  • 1 јајце
  • 1 лажица издробено тврдо сирење
  • 200ml млеко
  • 100g кулен или салама по желба
  • 300g кашкавал по желба
  • Кечап
  • Оригано, сол

Подготовка:

Подмачкајте една тепсија со масло или путер, распоредете ги парчињата леб, така што со мали парченца ќе ја пополните секоја празнина.

Во посебен сад измешајте го јајцето со млекото, кајмакот, сирењето и сол по желба. Прелијте преку лебот.

rucek-za-mrzlivi-krckava-pica-od-star-leb-02.jpg

Наредете ја саламата, а кашкавалот исечкајте го на парчиња.

Оставете половина час лебот да ги впие состојките, па потоа печете на 220 степени околу 20 минути. Зачинете и послужете.

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg