Чоколадна фантазија: Фереро Роше ролат

Роладот Фереро Роше е чоколадна бомба, сочна и кремаста, која неодоливо потсетува на малите чоколадни топчиња.

cokoladna-fantazija-ferero-roshe-rolat-01.JPG

И веројатно доволна ви е само една слика за да сфатите за што зборуваме.

Ако не успеавте да одолеете, еве како да го подготвите уште денес.

Потребни состојки:

За кора

  • 6 мали јајца
  • 100g шеќер
  • 25g какао
  •  2 лажици густин
  • 180g чоколадо со над 50% какао
  • 2 лажици врела вода

За крем

  • 250g маскарпоне
  • 250g нутела
  • 150g пржени, крупно мелени лешници

За глазура

  • 200g темно чоколадо
  • 25g путер
  • 50g пржени, крупно мелени лешници

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и во еден плех ставете мрсна хартија

Одвојте ги жолчките и белките.

Чоколадото стопете го на пареа.

Белките изматете ги во шлаг.

Жолчките мешајте ги со шеќерот додека не станат густи и кремасти. Во нив проросете го густинот и какото, па додајте го стопеното чоколадо. Мешајте со миксер додека не се соединат.  Додајте ги и 2-те лажици врела вода.

На крајот, шлагот од белките постепено измешајте ги во смесата додека не добиете тесто за пандишпан.

Смесата добро распоредете ја во тавата со мрсна хартија и печете 13 минути.

Додека ролатот се пече, подгответе влажна крпа.

Кога ќе го извадите пандишпанот, проросете малку какао врз него и ставете го на влажната крпа. Замотајте го во форма на ролат заедно со неа и оставете да се олади.

Измешајте ги со миксер состојките за кремот, па кога бисквитот ќе се олади одмотајте го од крпата, намачкајте го со крем и повторно замотајте го.

Ставете го ролатот во фрижидер додека ја правите глазурата.

На пареа стопете ги чоколадото и путерот, па додајте ги лешниците.

Извадете го ролатот од фрижидер, па прелијте го со глазурата.

Оставете уште неколку часа да се олади, па потоа можете да сечете парчиња.

cokoladna-fantazija-ferero-roshe-rolat-02.JPG

cokoladna-fantazija-ferero-roshe-rolat-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Крофни со боровинки и прелив од лимон, се топат во уста Овие крофни не се пржат, а остануваат меки и неколку дена (но сигурни сме дека ќ...
Рецепт за крем-супа од тиква – идеална за да ве стопли во есенските денови Знаете ли како се подготвува крем-супа со тиква? Потребни ви се само неколку сос...
Рецепт за сочна торта со зрели банани и киви Ако и вие сте љубители на слаткиот мирис и вкус на бананата, тогаш вреди да го п...
Рецепт за вкусна ужина со грчки јогурт и цреши - децата ќе ја обожаваат Експериментирајте со овошјето, вкусовите, путерот од јаткасти плодови и уживајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg