Рецепт за сочна торта со зрели банани и киви
Интересно е тоа што за негова подготовка ви се потребни добро зрели банани и добро зрели киви, така што веќе никогаш нема да има потреба да ги фрлате овие овошја, зашто вкусниот десерт нема да ве остави рамнодушни.
Ако и вие сте љубители на слаткиот мирис и вкус на бананата, тогаш вреди да го пробате овој рецепт, кој дополнително е збогатен со киви.
За негова подготовка ви се потребни добро созреани банани и киви, така што веќе никогаш нема да има потреба да ги фрлате овие овошја, зашто вкусниот десерт нема да ве остави рамнодушни.
Потребни состојки:
- 224g брашно;
- 105g шеќер;
- 112g путер;
- 3 лажици кафеав шеќер;
- 2 јајца;
- 2 зрели банани (презреани со кафеави дамки);
- 3 зрели киви (оние кои се малку меки на допир);
- 1 лажичка екстракт од ванила;
- 2 лажици сок од лимон;
- 1 лажичка прашок за печиво;
- 1 лажичка сода бикарбона;
- Прстофат сол;
- Половина банана за прелив;
- Додатоци кои може да ги ставите во тестото: половина чаша свежи или сушени боровинки, чоколадни трошки, чоколаден чипс.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180°C;
- Во голем сад за матење се мешаат брашното, прашокот за печиво, содата и солта;
- Во друг сад со миксер се мати шеќерот со путерот додека смесата не стане кремаста;
- Се додаваат и јајцата едно по едно и продолжувате да матите додека не се добие изедначена смеса;
- Бананите и кивите се гмечат и се додаваат во смесата со путер, заедно со сокот од лимон и екстрактот од ванила;
- Сите состојки добро се мешаат со пластична шпатула;
- Со лажица полека се претура смесата од брашно во смесата со путер и банани;
- Тука може да се стават додатоците како боровинка или чоколаден чипс;
- Тестото се става во плех за печење премачкан со путер;
- Дополнително може да се исечат тенки парчиња банани за да ја декорирате тортата;
- Ако се решите да го правите ова, врз парчињата банани посипете малку шеќер, така што тие ќе се карамелизираат во рерната;
- Тортата се пече на температура од 180°C околу 40-45 минути;
- Потоа, температурата се намалува на 150 степени и се пече уште 20-тина минути или додека не бидете сигурни дека е готова (проверете со нож, треба да ви излезе чист кога ќе ја допрете тортата до дното);
- Ако премногу бргу се зарумени, тогаш покријте со фолија. Оставете да се олади, па сервирајте!
М. Ѓ | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...