Готово за 5 минути: Колаче во шолја со тиква и цимет
Ако немате намера да печете колач за сите дома, или едноставно ви останала печена тиква, па не знаете што да направите со неа, пробајте го ова брзо колаче.
Во шолја која може да оди во микробранова, измешајте ги следниве состојки:
- 1 лажичка путер
- 2 кекс колачиња
- 1/3 шолја пире од тиква
- 1 јајце
- 1 лажичка млеко
- 2 лажички шеќер
- ½ лажичка цимет
Ставете го прво путерот да омекне неколку секунди во микробранова, па потоа искршете ги колачињата и мешајте додека не добиете густа смеса.
Додајте ги останатите состојки, измешајте и ставете ја шолјата во микробранова 2 до 5 минути, на средна температура.
За да проверите дали и внатрешноста е испечена, боцнете го колачето со чепкалка. Ако остане залепено тесто, вратете го уште минута до две да се допече.
Декорирајте со шлаг, чоколаден прелив, ореви или цимет.