Рецепт за пита со јаболка како од McDonald’s
-->
Доволно е да прочитате „пита со јаболка од McDonald’s“ и веднаш во устата да го почувствувате препознатливиот вкус.
Малку јаболка, лиснато тесто и неколку зачини... Сега, вкусната пита по теркот на онаа од McDonald’s можете да ја направите и сами дома.
-->
Пробајте, нема да зажалите.
Потребни состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 2 средни јаболка
- 60g шеќер
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка ванила
- 2 лажици сок од лимон
- 30g путер
- Прстофат сол
- 1 лажица нишесте
- 1 лажица вода
За премачкување:
- 1 белка од јајце
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка цимет
Начин на подготовка:
- Излупете ги јаболката и пресечете ги на коцки.
- Ставете ги во тава да се пропржат заедно со шеќерот, циметот, ванилата, сокот од лимон, солта и путерот.
- Кога ќе омекнат јаболката, во смесата додајте и микс од 1 лажица нишесте со 1 лажица вода.
- Расукајте го лиснатото тесто и пресечете го на ленти.
- Секоја лента до пола наполнете ја со филот од јаболка, но оставете доволно простор на тестото да го премачкате со малку вода, па преклопете.
- Со виљушка поминете преку рабовите на штрудлите, па премачкајте ги со изматената белка.
- Со нож пресечете ги на 3-4 места штрудлите и на крај наросете ги со смесата од шеќер и цимет.
- Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...