Топла и вкусна супа од брокули и кашкавал

Дождливите денови се идеално време за да се препуштите на вкусно уживање во топла и едноставна супа, а добро би било ако можете да додадете и по некој витамин и протеин во неа.

topla-i-vkusna-supa-od-brokuli-i-kashkaval-01.jpg

Супата од брокула е одлична идеја токму за таа намена.

Како да ја подготвите?

Потребни состојки:

  • 4 чаши готова пилешка супа
  • 2 чаши сечкана брокула
  • ½ главица кромид
  • 400ml павлака за готвење
  • 2 чаши рендан кашкавал
  • Сол и бибер по желба


Подготовка:

Во голем сад ставете ги супата, сечканиот кромид и сето тоа зачинете го по вашиот вкус. Ставете го садот на рингла, потоа додадете ја сечканата брокула и гответе околу 15-ина минути. На крај додадете ги кашкавалот и павлаката и гответе уште 15 минути. Сервирајте топло.

Добар апетит!

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лазања од тиквички во Air Fryer Ако и вие обожавате лазања, тогаш мора да ја пробате оваа верзија со тиквички. ...
„Во еден ден направив 5 тегли ајвар во стан - се прави со само 200ml масло“ „Овој рецепт ми е од тетка ми, таа го прави најубавиот ајвар“ – потенцира јутјуб...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...
Безглутенска пица со тесто од ориз и пилешко во доматен сос Направете ја оваа безглутенска пица од ориз со пилешко месо уште викендов, ќе ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg