Рецепт за лазања од тиквички во Air Fryer

Ако и вие обожавате лазања, тогаш мора да ја пробате оваа верзија со тиквички.

recept-za-lazanja-od-tikvichki-vo-air-fryer-01.jpg

Во времето кога омилените рецепти добиваат нова верзија, зошто да не пробате лазања од тиквички, која се подготвува брзо во Air Fryer?

Потребни состојки:

  • 3-4 тиквички
  • 100g пармезан
  • 150g шунка (или мисиркини гради)
  • 250g кашкавал
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

  • Тиквичките измијте ги и од секоја извадете ги краевите.
  • Исечкајте ги на тенки ленти и оставете ги 10-15 минути завиткани во впивачка хартија.
  • Откако ќе ги исцедите тиквичките од водата, почнете да ја редите лазањата директно во Air Fryer-от.
  • Најдолу ставете ред тиквички, малку пармезан, шунка и најгоре рендан кашкавал.
  • Повторете ја постапката додека имате состојки (направете најмалку 4 кори).
  • Добро притиснете ги сите слоеви, за да се спојат состојките, а потоа најгоре може да ставите парчиња кашкавал или моцарела.
  • Печете на 170 степени околу 35-40 минути (или подесете ги времето и температурата зависно од вашиот Air Fryer).
  • Кога ќе го извадите, оставете го да се олади (стегне) неколку минути на собна температура, а потоа послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Брз викенд ручек за гурмани: Потпечени плескавици со растопен кашкавал Што да подготвите ако дома имате компир, мелено месо и моркови? Може да си напра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg