Домашни принцес крофни за кои сите ќе ви бараат рецепт

Кремасти и вкусни, ретко кој може да им одолее. Токму затоа вреди да го испробате домашниот рецепт за совршени принцес крофни од кои ќе ги излижете прстите.

2244798280_9248172f37.jpg

Потребни состојки:

За крофни:

  • 250ml вода
  • 125g маргарин или путер
  • 150g брашно
  • Прашок за печиво
  • 2 лажички шеќер
  • 4 јајца
  • Шеќер во прав

За фил:

  • 500ml млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 3 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици густин
  • 100g путер


Подготовка:

За крофните:

Ставете ја водата, маргаринот и шеќерот заедно да зовријат. Измешајте го брашното со прашокот за печиво и додадете ги во водата. Оставете тестото да се олади. Во ладното тесто додавајте ги јајцата едно по едно, матејќи со миксер.

Од тестото правете крофни со готварски шприц или кеса во која ќе направите средно дупче, редете ги на тава покриена со хартија за печење. Рерната загрејте ја на 250 степени и печете 14-15 минути, па уште 20 минути на 150 степени. Не ја отворајте рерната додека крофните се печат. Откако ќе бидат готови оставете ги да се оладат.

За филот:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте го екстрактот од ванила, пудингот од ванила, густинот и 200ml млеко. Преостанатите 300ml млеко оставете да зовријат. Кога ќе зоврие додајте ја смесата и варете како пудинг. Изладете го кремот и изматете го заедно со путерот.

Оладените крофни пресечете ги на половина, филувајте во средина, па посипете со шеќер во прав.

17335-princes-krofne_zoom.jpg

Би можело да ве интересира:

Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
Кремасти тестенини со сланина, пилешко и многу кашкавал Иако се малку „тешки“ поради комбинацијата од сланина, пилешко и кашкавал, па не...
Рецепт за колачиња од ѓумбир, што се печат и во Air Fryer Како да ги подготвите омилените колачиња со ѓумбир, што се застапени речиси во с...
Викенд десерт: Руски капи со ресана, што не се печат Наместо да приготвувате пандишпан, можете да искористите ресани, па многу побрзо...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg