Рецепт за колачиња од ѓумбир, што се печат и во Air Fryer

Како да ги подготвите омилените колачиња со ѓумбир, што се застапени речиси во сите празнични филмови? Потребни ви се само неколку состојки и забавата може да започне...

recept-za-kolachinja-od-gjumbir-shto-se-pechat-i-vo-air-fryer-01.jpg

Ако сакате овие празници да ги направите незаборавни за вашите деца, можете да подготвите традиционални американски колачиња со ѓумбир што ги гледаме во речиси сите празнични филмови.

Во Air Fryer ќе биде потребно да ги печете од 5 до 7 минути, а исто така можете да ги испечете и во рерна.

Потребни состојки:

  • 170g путер;
  • 150g шеќер;
  • 170 ml шеќерна меласа;
  • ½ мала лажичка сол;
  • 1 мала лажичка цимет;
  • 1 мала лажичка рендан ѓумбир;
  • 1 поголемо јајце;
  • ½ мала лажичка прашок за печење;
  • ¼ мала лажичка сода бикарбона;
  • 450g брашно.

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се ставаат стопениот путер, кафеавиот шеќер, меласата, солта, циметот, ренданиот ѓумбир, јајцето и сите состојки се матат со миксер;
  • Се додаваат прашокот за печење, содата и брашното и се замесува тесто, а по потреба се додава брашно додека тестото почне да не се лепи;
  • Готовото тесто се става во фолија и се остава да се олади во фрижидер околу 1 час;
  • Апаратот за печење на топол воздух се загрева на температура од 175 степени Целзиусови, а ако ги печете во рерна, тогаш ја загревате на 180 степени Целзиусови;
  • На работна површина се става малку брашно и од тестото се прави кора дебела околу 5 милиметри и со калапи се вадат колачињата;
  • Ако ги печете во Air Fryer ставете ги на претходно премачкана корпа со масло и печете од 5 до 7 минути на температура од 175 степени Целзиусови;
  • Ако ги печете во рерна, колачињата наредете ги на обложени плехови и печете ги околу 15 минути на температура од 180 степени Целзиусови, или додека да добијат златно кафеава боја;
  • Почекајте да се оладат, па потоа може да ги декорирате со стопено бело или црно чоколадо.

recept-za-kolachinja-od-gjumbir-shto-se-pechat-i-vo-air-fryer-02.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg