Предлог зимница: Кисели пиперки во тегла

Пристигна времето за подготовка на зимницата во која ќе уживаме цела зима, а еден од најдобрите рецепти во кој можете да уживате секојдневно како прилог или оброк се киселите пиперки.

predlog-zimnica-kiseli-piperki-vo-tegla-01.jpg

Нив можете да ги јадете како салата, да ги извадите на трпезата како мезе или од нив да подготвите некој вкусен ручек.

Како да подготвите зимница од кисели пиперки?


Потребни состојки за 3kg зимница:

  • 1l 9% алкохолен оцет
  • 3l вода
  • 2dl масло
  • 1 голема лажица сол
  • 1 голема лажица шеќер
  • Бибер во зрна
  • Лук
  • Магдонос по желба


Подготовка:

Пиперките добро исчистете ги, отстранете ги семките и избодете ги со чепкалка.

Во голем сад измешајте ги сите состојки за подготовка на течноста, освен лукот и биберот. Течноста треба да врие и во неа да ставате по 8 до 10 пиперки и да ги оставате да вријат по 2 до 3 минути.

На дното на теглите исечкајте го лукот и ставете по неколку зрна бибер. На нив ставете ги пиперките кои вриеле во водата.

Ставете нови пиперки во водата.

Повторувајте ја постапката додека не ги сварите сите пиперки и ги ставите во теглите. Наполнете ги теглите со водата во која сте ги вриеле, добро затворете ги теглите.

Оставете ги да стојат најмалку 7 до 10 дена и потоа можете да ги консумирате. 

predlog-zimnica-kiseli-piperki-vo-tegla-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg