Готова за 20 минути: Карамел торта

Брзинска варијанта на неодоливата торта „Карамела бакнеж“ која може да ја направите додека трепнете.

gotova-za-20-minuti-karamel-torta-01.jpg

Нема печење и комплицирани филови, само загревање и ладење на состојките.

Потребно ви е:

За подлога

  • 250g мелени бисквити
  • 100g маргарин
  • 4-5 лажици млеко

За крем

  • 100g карамели
  • 300ml слатка павлака за шлаг
  • 100g маргарин
  • Ванила арома, по желба

За глазура

  • 100g млечно чоколадо
  • 50g чоколадо за готвење
  • 2 лажици шеќер
  • 250ml слатка павлака за шлаг
  • 30g маргарин

Подготовка:

Стопете го маргаринот за подлогата, па прелијте преку мелените бисквити. Додајте го и млекото, измешајте, па во еден овален сад со средна големина обликувајте подлога.

Во слатката павлака за крем додајте ги карамелите и мешајте додека не се стопат. Додајте ги маргаринот и аромата откако ќе го тргнете тенџерето од оган.

gotova-za-20-minuti-karamel-torta-02.jpg

Оладениот крем истурете го врз подлогата. Ставете во фрижидер неколку минути додека се стегне.

gotova-za-20-minuti-karamel-torta-03.jpg

Во меѓувреме загрејте ја павлаката за глазура, па додајте ги чоколадото и маргаринот. Мешајте додека не се стопат и разладете.

Прелијте преку кремот од карамел, па повторно вратете во фрижидер неколку часа.

gotova-za-20-minuti-karamel-torta-04.jpg

Сечете тенки парчиња и декорирајте по желба.

gotova-za-20-minuti-karamel-torta-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
Сочни раженчиња од макарони - предјадење што ќе ги импресионира сите (особено децата) Наместо од месо, раженчињата може да бидат и од тестенини - поинакви, вкусни, ќе...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Два рецепта за сочно роловано пилешко во Air Fryer Постојат илјадници различни начини на кои можете да подготвите пилешко, а меѓу н...
4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат Ако немате ни време ни нерви да правите суши, можете да искористите калап за маф...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg