Десерт со арома на есен: Полнети јаболка

Есента претставува идеален период за подготовка на вкусни специјалитети кои во себе ги содржат сезонските овошја. Ова посебно важи за јаболката. Од нив не мора да ги подготвите типичните десерти како штрудлата, туку можете да подготвите нешто невообичаено.

Edna-prekrasna-desert-prikazna-od-jabolka-01.jpg

Овој пат предлагаме интересен, едноставен и невообичаен сладок десерт од јаболка.

Потребни состојки:

  • Јаболка (број по желба и број на личности кои ќе го пробаат десертот)
  • Шеќер
  • Цимет
  • Готово тесто


Подготовка:

Земете големи јаболка и со помош на нож или лажица извадете ја внатрешноста.

Edna-prekrasna-desert-prikazna-od-jabolka-02.jpg

Испасирајте ја внатрешноста од јаболката со шеќер и цимет (количина по желба) и ставете ја во јаболката.

Edna-prekrasna-desert-prikazna-od-jabolka-03.jpg

Одозгора ставете плетенка од тесто (лиснато или обично).

Edna-prekrasna-desert-prikazna-od-jabolka-04.jpg

Edna-prekrasna-desert-prikazna-od-jabolka-05.jpg

Ставете ги јаболката во тепсија во која претходно ќе ставите вода.

Edna-prekrasna-desert-prikazna-od-jabolka-06.jpg

Печете ги во загреана рерна на 250 степени околу 20-на минути или додека тестото не зарумени.

Извадите ги јаболката од рерната и уживајте во својата вкусна креација.

Бонус совет: Можете да експериментирате и да додадете состојки по ваша желба како: ореви, суви кајсии, мелени бисквити или мармалад.

Би можело да ве интересира:

Два рецепта за сочно роловано пилешко во Air Fryer Постојат илјадници различни начини на кои можете да подготвите пилешко, а меѓу н...
Сочни раженчиња од макарони - предјадење што ќе ги импресионира сите (особено децата) Наместо од месо, раженчињата може да бидат и од тестенини - поинакви, вкусни, ќе...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за колачиња од ѓумбир, што се печат и во Air Fryer Како да ги подготвите омилените колачиња со ѓумбир, што се застапени речиси во с...
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg