Десерт на денот: Торта од чоколадни палачинки
Време е подготовката на палачинки да ја подигнете на едно поинакво и повкусно ниво. На пример, нека бидат од чоколадно тесто и во облик на торта.
Звучи и изгледа примамливо?
Потребни ви се следниве состојки:
- 175g брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 25-30g квалитетно какао
- 100g шеќер
- Малку сол
- 4 лажички масло
- 2 лажички екстракт од ванила
- 350ml млеко
За филување и декорација:
- Шлаг пена
- 30g шеќер во прав
- Чоколаден прелив или стопено чоколадо
- Овошје по желба
Подготовка:
Во длабок сад измешајте ги сувите состојки за палачинките, а потоа додадете го маслото, млекото и ванила екстрактот.
Матете додека не добиете мазна смеса.
На тава со малку масло за печење правете палачинки со идентична големина.
Оставете ги палачинките да се оладат, а во меѓувреме изматете ја шлаг пената со шеќерот во прав.
Редете палачинка, па 3 лажици од шлаг пената, а ако сакате може да додадете и овошје на секоја втора или трета палачинка.
Кога ќе завршите, прелијте ги палачинките со стопено чоколадо или чоколаден прелив. Украсете со овошје.