Една од најзгодните Турчинки го сподели рецептот за омилениот појадок – Како се прави менеман?
Знаете ли кој е омилениот појадок на убавата Туба Бујукстун? Погледнете што сака да појадува актерката која важи за една од најубавите жени во Турција.
Актерката Туба Бујукустун (41) важи за една од најубавите жени во Турција, која на македонската публика ѝ е позната по улогата во сериите „Аси“, „Крвави пари“, „Ќерката на амбасадорот“...
Туба е мајка на две близначки, а отсекогаш привлекувала внимание со своето извајано тело и бујната коса.
Освен што е талентирана актерка, Туба многу сака и да готви, а во една пригода таа го откри рецептот за нејзиниот омилен појадок.
Менемен е традиционално турско јадење со јајца и зеленчук, а еве како можете да го подготвите по рецептот на Туба:
Потребни состојки:
- 3 јајца;
- 2 мали кромитчиња (ситно исечкани);
- 2 лажици масло;
- 4 домати (со средна големина исечкани на коцкички);
- 3 зелени пиперки (исечени на крукчиња);
- 100g рендан кашкавал (по желба);
- Сол по вкус (околу 1/2 лажиче).
Начин на подготовка:
- Маслото во тава се загрева на средна температура и во него се пропржува ситно исечканиот кромид;
- Потоа се додаваат пиперки, па се пржат 3-4 минути и се додаваат исечканите домати;
- Зеленчукот се пржи сѐ додека доматите не пуштат сок (а ако има премногу течност, може малку да се одлее);
- Во посебна чинија се разматуваат јајцата и со нив се прелева зеленчукот;
- Тавата се прекрива со капак и се остава да отстои така, неколку минути на тивок оган;
- На крај менеменот се посолува и по желба врз него се наросува ситно изрендан кашкавал.
Б. С. Б. | Црнобело