3 брзи рецепти кои можете да ги подготвите во шолја за кафе

Понекогаш кога ќе се вратите дома од работа не ви се седи долго во кујната и посакувате да имате ручек кој ќе биде што можно побргу подготвен. Во тие моменти можете да посегнете по една шолја кафе за секој член од семејството и во неа да подготвите брз и вкусен оброк.

3-brzi-recepti-koi-mozete-da-gi-podgotvite-vo-sholja-kafe-01.jpg

Еве неколку предлози:

Киш во шолја кафе

Потребни состојки:

  • 1 Јајце
  • 6 Лажички млеко
  • Сол
  • Бибер
  • Малку кршен леб
  • 2 Лажички сечен кашкавал
  • 1 Лажичка сечкана сланина
  • Сенф

Подготовка:

Изматете ги јајцето и млекото заедно во шолја кафе. Додадете сол и бибер по желба. Ставете ги лебот, кашкавалот и сланина во шолјата.

Ставете ја шолјата во микробранова печка околу 70 секунди и на крајот додадете го сенфот.

3-brzi-recepti-koi-mozete-da-gi-podgotvite-vo-sholja-kafe-1.jpg


Инстант макарони со кашкавал

Потребни состојки:

  • 1/3 Шолја макарони
  • 1/2 Шолја вода
  • 1/4 Шолја млеко
  • 1/2 Шолја сечкан кашкавал

Подготовка:

Ставете ги макароните и водата во голема шолја, а потоа во микробранова печка околу 2 минути. На кратко извадете ја шолјата и промешајте. Постапката повторете ја 3 до 4 пати се додека водата не е целосно апсорбирана од макароните.

Откако ќе ја извадите шолјата од микробрановата печка, ставете ги млекото и кашкавалот и промешајте ги. Смесата оставете ја уште 1 минута во микробранова.

3-brzi-recepti-koi-mozete-da-gi-podgotvite-vo-sholja-kafe-2.jpg


Мелено месо во шолја

Потребни состојки:

  • 2 Лажици млеко
  • 1 Лажица кечап
  • 2 Лажици овесни снегулки
  • 1 Лажица супа
  • 100g Мелено месо
  • Дополнителен кечап по желба

Подготвка:

Во мала шолја измешајте ги овесните снегулки, кечапот, супата, млекото и месото. Покријте ја шолјата со алуминиумска фолија и ставете ја во микробранова печка 3 минути. Отворете ја алуминиумската фолија и ставете ја шолјата уште три минути во микробрановата.

Оставете ја шолјата малку да се олади, а потоа ако сакате можете да додадете уште кечап.

3-brzi-recepti-koi-mozete-da-gi-podgotvite-vo-sholja-kafe-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg