3 нови идеи за вкусни мармалади и слатки

Кога ќе ви досадат стандардните вкусови на мармалади и џемови, време е малку да се испробате во кујна.

3-novi-idei-za-vkusni-marmaladi-i-slatki-01.JPG

Израдувајте ги најмилите и „вооружајте“ се со тегли слатко уживање.

Слатко од бело грозје и ореви

Потребни состојки:

  • 1kg исчистено бело грозје (без семки)
  • 1kg шеќер
  • 150ml вода
  • 3-4 парчиња лимон
  • 150g ореви

Подготовка:

Грозјето измијте го и исушете го. Исчистете ги семките и отстранете ги скапаните зрна доколку ги има.

Во големо тенџере ставете го шеќерот и водата. На тивок оган растопете го шеќерот, па дури потоа додадете го грозјето. Распоредете го така што целото да биде потопено во сирупот.

Варете на тивок оган додека не згусне, а по потреба додавајте неколку капки вода. Ако се појави пена при варењето, отстранете ја со лажица.

Пред самиот крај додајте ги парчињата лимон и оревите.

Слаткото ставете го во претходно загреани тегли.

3-novi-idei-za-vkusni-marmaladi-i-slatki-02.jpg


Слатко од смокви и ѓумбир

Потребни состојки:

  • 950g зелени смокви
  • Корен свеж ѓумбир (околу 3cm)
  • 100ml сок од лимон
  • 500g шеќер за желатирање (џемфикс)

Подготовка:

Смоквите измијте ги, оставете ги да се цедат, исчистете ги и сечкајте на поголеми парчиња. Ѓумбирот исто така измијте го и исечете го на ситни коцки.

Помешајте ги смоквите со ѓумбирот и сокот од лимон, па потоа додадете го џемфиксот. Оставете ги нека отстојат 1 час.

Тенџерето со смесата ставете го да се вари и постојано мешајте. Слаткото ставете го во тегли и веднаш затворете. На кратко превртете ги теглите наопаку, па потоа оставете ги нормално да се оладат.

3-novi-idei-za-vkusni-marmaladi-i-slatki-03.jpg


Желе од јаболка

Потребни состојки:

  • 1l сок од јаболка
  • 3 лажици сок од портокал
  • 1 кесичка џемфикс
  • 2 гранчиња свежо нане
  • 400g шеќер
  • Зачин по желба - цимет, каранфилче, ванила...

Подготовка:

Сокот од јаболка, шеќерот, слатките зачини и џемфиксот ставете ги во длабоко тенџере. Варете околу 5 минути со постојано мешање.

Кога се ќе биде готово додајте го ситно сечканото нане, но претходно добро измијте го. Ставете го и сокот од портокал и повторно промешајте.

Смесата прелијте ја во стаклени тегли. Откако ќе ги наполните 5 минути нека отстојат превртени обратно. Кога ќе се оладат, ставете во фрижидер.

3-novi-idei-za-vkusni-marmaladi-i-slatki-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg