Ќе ги обожавате: Домашни погачи со кисело млеко
Домашните можете да ги израдувате со топли погачи кои се „лапни - голтни“.
Едноставни се за правење, не одземаат многу време, немате потоа многу садови за миење и што е најважно многу се вкусни и сите ги обожаваат.
Потребни состојки:
- 250g брашно (тип 400)
- 60g маргарин
- 1 шолја кисело млеко
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 јајце
- Сусам по желба
Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за печиво, додадете го маргаринот и месете го тестото додека не добиете хомогена смеса.
Додадете го киселото млеко и повторно месете го тестото.
Оставете го на топло да мирува половина час, а потоа растегнете го тестото да биде дебело околу 2cm и со чаша направете погачи.
Во тава ставете масна хартија и наредете ги погачите. Премачкајте ги со жолчката од јајцето, напрскајте ги со сусам по желба и ставете ги во загреана рерна на 180 степени.
Печете ги 20-на минути сè додека не заруменат.