Идеја за брз оброк: Пица салата
Затоа што љубителите на пицата своето омилено јадење го сакаат на сите можни начини, сега измислија и пица салата со макарони.
Пица салатата се подготвува лесно и брзо, вкусна е, а може да се послужи како ручек или ладно мезе.
Предноста е што се служи ладна, па може да ја подготвите еден ден пред да ги дочекате гостите.
Потребно ви е:
- 300g макарони
- 1 зелена пиперка
- 1 црвена пиперка
- 10тина чери домати
- 10тина црни маслинки
- 200g свежи или маринирани шампињони
- 200g шунка или салама по желба
- 200g кашкавал или пармезан
- 200ml пица кечап
- Зачини по желба
Подготовка:
Макароните сварете ги и добро исцедете ги.
Сите останати состојки, освен кашкавалот и кечапот, исечкајте ги на коцки и зачинете ако сакате. Ставете ги во еден длабок пластичен сад, а потоа додајте ги и макароните.
Салатата ставете ја во фрижидер да се олади, па пред послужување додајте го кечапот и ренданиот кашкавал.
Пица салатата е уште попримамлива ако ја правите со шарени, вртени макарони.