Домашен рецепт за брзи холандски вафли
Велат дека еднаш штом ќе ги пробате холандските„ стоп-вафли“ никогаш повеќе нема да посакате да пробате друг тип на вафли.
Овој неодолив десерт за многумина претставува врв на кулинарските деликатеси, а посетата на Холандија не може да пројде без дегустација на еден од најпознатите рецепти.
Секако ако немате можност да ја посетите Холандија, тогаш можете да сами да си направите вафли.
Потребни состојки:
- 500g Брашно
- 250g Стопен путер
- 150g Шеќер
- 2 Кесички сув квасец
- 60ml Топло млеко
- 1 Јајце
- ½ Шолја мед
- 200g Кафеав шеќер
- 50g Путер
- 1 Лажичка цимет
Подготовка:
Во голем пластичен сад помешајте ги брашното, стопениот путер, сувиот квасец, шеќерот, млекото и јајцето. Кога тестото ќе стане прегусто за мешање ставете ја смесата на рамна површина и продолжете да го месите тестото.
Оставете го на страна да отстои 45 минути.
За тоа време подгответе го филот. Во мало тенџере загрејте ги медот, кафеавиот шеќер, 50g путер и циметот. На средна температура полека загревајте ја смесата и кога состојките ќе се соединат тргнете го тенџерето од рерната и оставете да се лади смесата.
Во апарат за вафли или тостер со калапи за галети ставете го тестото и печете го додека не добие златножолта боја. Потребни ќе ви бидат отприлика 20-тина минути.
Извадете ги од тостерот и премачкајте ги со филот.
Оставете ги малку да се оладат (или не...) и уживајте во нив.
Добар апетит!