Идеална летна ужина: Сè што ви е потребно во една чаша

Летните жештини сами по себе се прилично тешки за издржување, па дополнително на тоа не ни е потребна и тешка храна. Препорака на нутриционистите е да внесуваме што е можно повеќе течности во организмот и да јадеме свежо овошје и зеленчук.

idealna-letna-uzina-se-shto-vi-e-potrebno-vo-edna-casa-01.jpg

Токму затоа, најдобро е да понесете со себе каде и да одите лесна летна ужина која е преполна со витамини.

Покрај тоа што ќе го негува вашиот имунитет, таа и ќе ве освежи.

Еве еден предлог за вашата следна ужина.

Потребни состојки:

  • 2 шолји јогурт
  • 2 шолји боровници
  • Неколку капини
  • 1 сечкана банана
  • 2 коцки мраз

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте ги додека не добиете компактна смеса. Освежителниот пијалак ставете го во чаша и уживајте во вашиот оброк.

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg