Брза спирална торта со малини и чоколадо

Оваа торта е една од оние кои без посебна декорација изгледаат вкусно и привлечно, а реално, не ви се потребни никакви кулинарски вештини.

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-01.jpg

Затоа, ви предлагаме спиралната торта со малини и чоколаден крем да биде вашиот следен кулинарски проект.

Потребни состојки:

За кора

  • 120g брашно
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • ½ лажичка сол
  • 125ml масло
  • 60ml вода
  • 4 жолчки
  • 6 белки
  • 1 лажица ванила екстракт

За крем

  • 3 шолји павлака за шлаг
  • 90g шеќер во прав
  • 30-40g какао во прав
  • 350g свежи малини
  • 1/3 шолја сечкани бадеми
  • Изрендано чоколадо

Во една тепсија за печење ставете мрсна хартија, намачкајте со путер или зејтин и истурете брашно. Рерната вклучете ја на 160 степени.

Во пластичен сад измешајте го брашното со ¾ шолја шеќер, прашок за печиво и сол, а во посебен сад изматете ги жолчките, маслото, водата и ванилата.

Белките изматете ги посебно додека не добиете пена. Додадете неколку капки оцет ако сакате подобра текстура, па постепено додавајте го шеќерот. Матете додека не добиете цврст снег.

Смесата од жолчки измешајте ја со сувите состојки и соединете ги, а потоа со лажица малку по малку додавајте го снегот од белки. Матете со дрвена лажица додека не добиете еднолична смеса.

Добиеното тесто ставете го во тепсијата и печете 20 минути. Извадете, оставете пандишпанот да се олади, а во меѓувреме подгответе го кремот.

Изматете ја павлаката заедно со шеќерот и какаото додека не добиете чоколаден крем.

Исечкајте ги малините и бадемите, а потоа следете ги овие фотографии за редење на тортата:

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-02.jpg

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-03.jpg

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-04.jpg

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg