Готов за 15 минути: Летен колач со плазма, ресана и овошен јогурт

Ви се јаде нешто благо, вкусно, а свежо. Не ви се пече торта и сакате набрзина да бидете готови.

gotov-za-15-minuti-leten-kolac-so-plazma-resana-i-ovosen-jogurt-01

Нема посовршен летен десерт од колачот со ресана, плазма и овошен јогурт кој дава посебно освежителна нота на секое залче. Вистински летен десерт.

Потребни состојки:

  • 2 кутии ресани
  • 2 кутии плазма
  • 3 кесички шлаг од ванила
  • 1 kg слатка павлака
  • 800 g овошен јогурт со овошје по ваш избор

Подготовка:

Плазмата потопете ја во малку сок по можност од истото овошје кое го има во јогуртот, колку да омекне. Наредете ја на поголема тепсија или друга подлога.

Изматете ја слатката павлака не премногу цврсто и додајте го овошниот јогурт, па продолжете да матите со лажица или со жица и половина од смесата нанесете врз плазмата.

Врз неа наредете исто така потопена ресана во сок, па врз неа премачкајте ја останатата половина од слатка павлака и овошен јогурт.

На крај, изматете ги трите шлагови од ванила со млеко и премачкајте го колачот целосно.

Готови сте за 15 минути. Оставете го во фрижидер да се излади и стврдне, па може да го послужите со некоја лимонада.

gotov-za-15-minuti-leten-kolac-so-plazma-resana-i-ovosen-jogurt-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепт за вкусна ужина со грчки јогурт и цреши - децата ќе ја обожаваат Експериментирајте со овошјето, вкусовите, путерот од јаткасти плодови и уживајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg