Фини домашни намази и сосови кои ќе ги подготвите за 5 минути
Креативноста на подготвување на намазите и сосовите е безгранична. Секој од нас може да стане готвач експерт кога се работи за нивната подготовка и што е најважно и обичното јадење може уникатно да го зачинат.
Нема потреба од трошење на пари за купување на паштети за вашите омилени сендвичи и грицки. Секоја маса можете да ја зачините со нов намаз или сос и пријатно да ги изненадите гостите.
Еве неколку предлози за брза подготовка на намази:
1. Пикантен сос за скара
Лукот и краставицата ситно исецкајте ги и ставете ги на страна. Помешајте кисела павлака, јогурт и фета сирење и добро измиксирајте ги и на крајот додадете ги лукот и краставицата. На целата комбинација на крај додадете малку ким и копар.
2. За грицки и грисини
Помешајте крем, буковец, црвена пиперка, сусам и сенф. Миксот зачинете го по желба со сол и бибер. Истиот сос можете да го користите како основа за свинското или телешкото месо.
3. Паштета од грав за тортиљи
Во блендер измиксирајте лук, предходно подготвен грав, маслиново масло и магдонос. По потреба додадете и малку млака вода доколку сметате дека смесата е многу густа.
4. Рибен намаз за брускети
Процедете ја туната, додадете исецкани краставици и по потреба додека ја миксате смесата додавајте маслиново масло за да добиете компактна смеса.
5. Свеж намаз за сендвичи
Во блендер измешајте кромид, лук, домати и магдонос. По желба додајте сол и готови сте.