Летен, брз десерт: Крем торта со јагоди и готови кори
Јаготки - почесни гости на секоја трпеза сè додека ги има, а бидејќи се одличен додаток во сите колачи и торти, во следна прилика ви предлагаме да послужите еден кремаст, летен деликатес.
Рецептот е брз, евтин и не бара печење, ниту комплицирани постапки.
Потребни состојки:
- 1 пакување готови (тенки) кори за торта
- 1kg јагоди
- 2 кисели павлаки
- 500g шлаг пена
- 200g шеќер во прав
- 300ml кисела вода
Подготовка:
Шлагот изматете го со ладна кисела вода. Додајте го шеќерот во прав, а потоа и киселата павлака. Мешајте со миксер додека не добиете крем.
Јагодите исечкајте ги на кругови, а корите раздвојте ги.
Ставете една кора во тава, а потоа ставете фил. Повторете ја постапката два пати, па наредете јагоди. Продолжете со овој редослед се додека имате материјал.
Готовата торта оставете ја во фрижидер преку ноќ или во замрзнувач неколку часа пред да ја пресечете.
Декорирајте со шлаг и цели јаготки, а одозгора може да прелиете чоколаден прелив.