Брз рецепт: Расцветани лепчиња со виршли и млад кромид

Совршени за појадок, ручек или мезе, добро одат со сите салати и сосови, а кога еднаш ќе ги пробате ќе ви станат омилениот солен рецепт.

brz-recept-rascvetani-lepcinja-so-virsli-i-mlad-kromid-01.jpg

Брзи се, едноставни, а изгледаат неверојатно комплицирано и штосно.

Потребни состојки (за 9 парчиња):

  • 500g пченично брашно
  • 1 квасец
  • 1 лажица шеќер и сол
  • 1 јајце
  • 250-300ml млеко
  • 50g путер
  • 9 виршли

За мачкање:

  • 1 јајце
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 млади кромиди
  • Сусам по желба

Подготовка:

Во еден сад измешајте го брашното заедно со квасецот, солта, шеќерот, јајцето и топлото млеко. Направете тесто.

Додајте го стопениот путер и повторно измешајте. Тестото мора да биде меко и да се одвојува од садот.

Покријте го садот и оставете го да нарасне 30-45 минути. Потоа разделете го тестото на 9 топчиња. Секое топче премесете го.

Зимајте по едно топче тесто и размесете со го сукало додека не добиете квадрат со ширина колку виршлите.

Ставете ја виршлата, замотајте ја во тестото и пресечете на 5 еднакви делови.

brz-recept-rascvetani-lepcinja-so-virsli-i-mlad-kromid-03.jpg

Земете го првиот и последниот дел и ставете ги едни преку други. Потоа пресечените кругови свртете ги нагоре за виршлите да се гледаат. На крајот, добивате цветче.

brz-recept-rascvetani-lepcinja-so-virsli-i-mlad-kromid-04.jpg

brz-recept-rascvetani-lepcinja-so-virsli-i-mlad-kromid-05.jpg

Премачкајте со мешавината од јајце и масло, па потоа ставете ситно сечкан млад кромид.

brz-recept-rascvetani-lepcinja-so-virsli-i-mlad-kromid-06.jpg

Цветовите ставете ги да се печат на 200 степени околу 30 минути.

brz-recept-rascvetani-lepcinja-so-virsli-i-mlad-kromid-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg