Непечени коцки од бело чоколадо
Посакувате нешто благо? Нема потреба да појдете до најблиската продавница ниту пак да трошите многу време за готвење. Ова е сладок рецепт кој ќе го зготвите за час.
За овој рецепт потребни ќе ви бидат интегрални бисквити. Не е важно од кој бренд. Одлуката е ваша. Слатка павлака, бело чоколадо и кршени чоколадни парченца.
Земете едно пакетче интегрални бисквити. Искршете ги на мали парчиња.
Потоа земете едно пакување бело чоколадо и исецкајте го за побрзо да се стопи.
Ставете го во тавче заедно со 2/3 пакување на слатка паблака и растопете го. Течната маса истурете ја во садот во кој се наоѓаат бисквитите.
Оставете малку да се олади некој период за да можете да ја измешате смесата без да се изгорите. Откако ќе се олади добро промешајте ја смесата додека не стане една компактна целина и додадете чоколадни парчиња кои предходно сте ги искршиле.
Во тава израмнете ја смесата и повторно оставете ја да отстои.
Вашата работа тука завршува. Само на мали коцкички исецкајте ја смесата и имате брзи и вкусни колачиња за ова лето.