Без печење: Торта со три вида чоколадо

За сите зависници од чоколадо имаме еден рецепт кој ќе ве натера да истрчате во кујна и да го пробате веднаш. Не треба да го печете, па затоа е идеален за сите прослави кои следуваат во топлите денови.

torta-so-tri-vida-cokolada-bez-pecenje

Потребни состојки:

  • 600ml слатка павлака
  • 150g темно чоколадо
  • 200g бело чоколадо
  • 200g млечна чоколадо
  • 1 шолја дробени бисквити
  • 3 лажички путер

Подготовка:

Растопете го темното чоколадо и во неа додадете 200ml слатка павлака. Оставете ја фрижидер околу 1 час за да се зацврсти смесата.

Во друга тава растопете го белото чоколадо со 200ml слатка павлака и неа ставете ја фрижидер.

Постапката повторете ја и со млечното чоколадо.

Во меѓувреме додека чекате да се зацврстат чоколадите, во тава припремете ја подлогата за тортата. Измешајте ги путерот и бисквитите и убаво пополнете ја целата површина на тавата. Откако ќе завршите со приготвувањето на подлогата, наредете го секој фил посебно.

По желба можете да додадете и шлаг и чоколадни трошки или некое овошје.

bez-pecenje-torta-so-tri-vida-cokolado-01.jpg

bez-pecenje-torta-so-tri-vida-cokolado-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Викенд десерт: Рецепт за бајадера торта што не се пече За да ја подготвите оваа вкусна торта ќе ви биде потребно само да ги изматите фи...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg