5 нови начини како да уживате во омиленото вино кога времето ќе затопли

Летото обично е сезона на коктели, жестоки пијалаци кои може да се комбинираат со сокови и пиво. Но, затоа што љубителите на вино се во сè поголем број, еве неколку вкусни утешителни рецепти.

5-novi-nacini-kako-da-uzivate-vo-omilenoto-vino-koga-ke-stopli-sorbet-sladoled-ili-koktel-001.jpg

Кој рече дека не се пие вино кога е топло? Можеби не во облик на пијачка, но може како сорбет, гранита или сладолед...

1. Коктел со бело вино и сладолед

Измешајте половина чаша бело или пенливо вино со половина чаша сок од јагоди и додадете топка сладолед од ванила во средината.

5-novi-nacini-kako-da-uzivate-vo-omilenoto-vino-koga-ke-stopli-sorbet-sladoled-ili-koktel-1.jpg


2. Милкшејк од вино

Ставете 3 топки сладолед од ванила во една висока чаша и одозгора ставете кандирано или сушено овошје. Прелијте со мешавина од црвено вино и малку кисела вода. Почекајте сладоледот да почне да се топи и пијте како милкшејк.

5-novi-nacini-kako-da-uzivate-vo-omilenoto-vino-koga-ke-stopli-sorbet-sladoled-ili-koktel-2.jpg


3. Гранита од малини и црно вино

За да ви успее рецептот потребно е да одберете вкусно и слатко овошно вино. Потоа измешајте го со ¾ шолја обична вода и додадете 1 шолја шеќер и оставете го да зоврие неколку минути. Тргнете од оган, истурете 20-30 смрзнати малини. Измешајте ја смесата во блендер и ставете ја во тава за замрзнување или калапи за мраз. Оставете во замрзнувач неколку часа, а потоа гребете со вилушка за да извадите гранули мраз со вкус на вино.

5-novi-nacini-kako-da-uzivate-vo-omilenoto-vino-koga-ke-stopli-sorbet-sladoled-ili-koktel-3.jpg


4. Замрзнат јогурт од бело вино

Измешајте 2 шолји слатка павлака со ¾ шолја шеќер додека не добиете густа пена. Истурете ¾ шолја слатко бело вино и додадете неколку лажички сок од лимон. Ставете ја смесата во еден пластичен сад и оставете 2-3 часа да се замрзне. Служете во стаклени чаши, како сладолед. Секогаш може да го зачините вкусот со некое овошје.

5-novi-nacini-kako-da-uzivate-vo-omilenoto-vino-koga-ke-stopli-sorbet-sladoled-ili-koktel-4.jpg


5. Сорбет од јагоди и вино

Измешајте 1 шише овошно вино со 1 шолја шеќер и ¾ шолја вода. Додадете 3 шолји исчистени и изблендирани јагоди, па смесата ставете ја да зоврие. Тргнете од оган, промешајте уште неколку секунди, па оставете 1 час да се олади. Претурете во сад и замрзнете неколку часа. Вадете топки со лажица за сладолед и декорирајте со парче чоколадо.

5-novi-nacini-kako-da-uzivate-vo-omilenoto-vino-koga-ke-stopli-sorbet-sladoled-ili-koktel-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg