Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пробајте: Полнет солен ролат

Кога не знаете што да направите за мезе, ручек или вечера, ви предлагаме солен полнет ролат. Вкусот може да го модифицирате по желба, па затоа никогаш не може да го утнете овој рецепт.

probajte-polnet-solen-rolat-01.jpg

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 1 шолја брашно
  • 1 шолја јогурт
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • Половина лажичка сол

За фил

  • Шунка или салама по избор
  • Кашкавал
  • Мајонез
  • Павлака
  • Варено јајце
  • Крем сирење
  • Ајвар
  • Црвена пиперка

Подготовка:

Раздвојте ги белките од жолчките и изматете ги во цврста пена.

Жолчките изматете ги, па во нив додадете го брашното со претходно измешан прашок за печиво. Постепено додавајте го јогуртот и солта.

Кога масата ќе се изедначи, полека додавајте го снегот од белките.

Добиената смеса ставете ја во тепсија обложена со хартија за печење и печете 15-20 минути.

По печењето кората ставете ја во влажна крпа и завиткајте. Кога ќе се излади - филувајте.

Состојките за фил и нивната количина се произволни.

Оставете го ролатот во фрижидер 1 час пред да го исечете и послужите.

probajte-polnet-solen-rolat-02.jpg

За зелениот ролат од сликата, додадете 4-5 лажици ситно сечкан спанаќ во основното тесто.

За црвениот ролат од сликата, додадете 4-5 лажици ајвар во тестото.

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg