Мафини со јаболка и цимет – совршен десерт за дијабетичари, без шеќер
Овој сладок рецепт за мафини со јаболка и цимет е наменет за дијабетичари и за сите кои внимаваат на внесот на шеќер во организмот.
Времето на подготовка е околу 40 минути и е мошне едноставен.
Што ви е потребно?
- 3 помали јаболка
- 2 мали лажички цимет
- 2 грама стевиа (бел прав)
- 120 грама бело брашно
- 1/2 шолја интегрално брашно (60 грама)
- 1/2 шолја 'ржено брашно (60 грама)
- половина кесичка прашок за печиво
- 1 јајце
- 2,5 dl млеко
- 0,5 dl масло
Начин на подготовка
1. Излупете едно и пол јаболко, исчистете го од семките, исечкајте го на што поситни парченца и ставете го во еден сад.
2. Додадете го циметот и стевијата.
3. Помешајте ги трите видови брашно, додадете го прашокот за печиво и проросете ги врз јаболката.
4. Додадете го маслото, млекото и јајцето и полека промешајте ја целата смеса за да се соединат сите состојки.
5. Распределете ја смесата во калапи за мафини и врз секој изрендајте ги останатите јаболка. Ставете ги да се печат во рерна на 180 степени околу 20 минути (зависно од јачината на рерната).
Пред да ги послужите оставете да се оладат. Идеално слатко задоволство во комбинација со Cockta Easy – освежителен пијалак без шеќер и без вишок на калории и додатоци, засладен со природниот засладувач стевиа.
На здравје!