Фантастични чоколадни коцки готови за половина час

Секој нов чоколаден рецепт е добредојден, а овие брзи чоколадни коцки веројатно ќе ви станат омилени после првото пробување.

fantasticni-cokoladni-kocki-gotovi-za-polovina-cas-01.jpg

Потребни состојки:

За бисквит

  • 4 јајца
  • 100g шеќер
  • 3 големи лажици брашно
  • ½ пакување прашок за печиво
  • 200g путер
  • 150g чоколадо за готвење

За прелив

  • 100ml млеко

За крем

  • ½ l слатка павлака
  • 500g чоколадо за готвење
  • 50g путер

Подготовка:

Добро измешајте ги јајцата со шеќерот. Додадете го брашното во кое претходно ќе го измешате прашокот за печиво.

Стопете го чоколадото со путерот и додадете ги во смесата. Внимавајте да не бидат жешки.

Печете го бисквитот 30 минути на 180 степени.

Во меѓувреме загрејте ја слатката павлака и тргнете ја од оган пред да врие. Додадете го чоколадото и путерот и мешајте додека не се растопат.

Кога бисквитот ќе се испече прелијте го со млеко. Потоа прелијте го кремот во истата тава во која се печел колачот.

Оставете го колачот да се стегне во фрижидер, а потоа сечете коцки.

fantasticni-cokoladni-kocki-gotovi-za-polovina-cas-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg