Нутела бомбици со кикирики готови за 15 минути
Доколку сакате нешто брзо и вкусно за десерт, а немате многу време за подготовка, овие Нутела бомбици со кикирики ќе ги подготвите за само 15 минути.
Можеби ќе ви одземат мал дел од денот, но ќе зборувате за нив цел ден, затоа веднаш фатете се за работа и набавете ги следните состојки со кои се подготвува овој брз десерт.
- 400 грама Нутела еурокрем
- 300 грама лупени кикирики
- 200 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Најпрво кикирите малку се потпекуваат и се кршат или толчат на ситни парчиња. Потоа се топат кремот и чоколадото на пареа, па се додаваат половина од иситнетите кикирики.
Жешката смеса се става во книжни корпи за колачиња и се наросува со преостанатата смеса од иситнетите кикири.
На крај оставате да се стврднат во ладилникот околу еден час и потоа послужете со ладно кафе. Ќе излижете прсти!