Потопете Орео колачи во смеса за палачинки и ќе добиете нешто многу вкусно (видео)
Колачите Орео сами по себе се мошне вкусни, но секогаш може да ги искористите и за нешто повкусно.
За тоа не ви требаат многу пари или скапи состојки, туку само добра идеја и точен рецепт.
Палачинки може да правите на различни начини и може да го искористите кој сакате. Ако немате нешто одредено, тогаш стандардниот со 1 јајце, 250 ml млеко и 250 g брашно ќе ви заврши одлична работа.
За овој рецепт треба само да додадете плус и едно пакетче прашок за печиво и во едно тенџере да загреете масло како за пржење крофни.
Во смесата за палачинки потопувајте ги Орео колачите и едно по едно ставајте ги во загреаното масло да се пржат околу 2 минути.
Целата постапка погледнете ја во видеото, а крајниот резултат ќе ве натера да ги пробате уште денес: