Што да направите со јајцата кои пукнале за време на фарбањето?
Се прашувате што да правите со сите оние јајца кои ви пукнале додека се обидувавте да ги обоите?
Одговорот е едноставен и многу вкусен - спремете полнети јајца и збогатете ги со свеж зеленчук, зачини, димен лосос...
Потребни состојки за основниот рецепт за полнети јајца (за 8 јајца)
- 1/3 филџан мајонез
- 1 супена лажица сенф
- 1 супена лажица бел оцет
- Сол и бибер
Подготовка:
Сварените јајца исчистете ги и пресечете ги на пола, тргнете ги жолчките и ставете ги во сад.
Жолчките истолчете ги со вилушка и помешајте ги со мајонез, сенф и оцет и зачинете ги со сол и бибер. За да добиете сосема хомогена смеса, кратко изматете ја со миксер.
За да не ви бидат сите јајца со ист вкус, поиграјте се со состојките кои ги имате дома.
Јајца со маслинки и лук
Во однапред подготвената смеса за основен рецепт додадете три-четири исечкани маслинки и неколку чешниња лук и убаво изблендирајте ги сосојките.
Смесата ставете ја во кесичка за украсување торти и наполнете ги половината од белките. Немојте да заборавите да ги украсите јајцата со парчиња маслинки.
Јајца со лосос и ротквици
Во блендер ставете ги состојките за основната смеса и додадете им парчиња димен лосос. Изблендираната смеса ставете ја во кесичката за украсување, наполнете ја останатата половина од белките и украсете со парчиња ротквици и магдонос.