Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Експрес чоколадна торта готова за 10 минути

Си седите дома и неколку пријатели ви се најавуваат за кафе и муабет. Не, не трчајте веднаш да купите грицки и чоколадо за со кафето, оваа чоколадна торта е повеќе од погодна за ситуацијата.

ekspres-cokoladna-torta-gotova-za-10-minuti-01.jpg

Толку ќе бидете воодушевени од вкусот што секој слободен момент ќе го користите за да ја подготвите.

За ова екстра брзо чоколадно задоволство потребни ви се следниве состојки:

  • 1 шолја шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 2 лажици прашок за печиво
  • ¼ шолја какао
  • 2 јајца
  • ¾ шолја млеко
  • 125g стопен путер
  • 180g темно чоколадо
  • 1/3 шолја слатка павлака

Подготовка:

Помешајте ги сувите состојки, а потоа додајте ги јајцата, млекото и путерот.

Добро измешајте и претурете ја смесата во тава за печење која ја собира во микробранова.

Печете ја тортата на највисока температура 7-8 минути, извадете ја и проверете со чепкалка за заби дали е готова.

Оставете ја да се олади, а за тоа време стопете го чоколадото измешано со павлаката.

Прелијте ја тортата и послужете.

Би можело да ве интересира:

Чоколадна баклава со крем од ф’стаци Ако сте љубител на баклава, но и на ф’стаци, тогаш нема да можете да му одолеете...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg