Посни домашни крофни со полнење по желба

Иако сите варијации на овие прженици се викаат крофни, од оние на баба со џем, па сè до модерните американски крофнички, празните крофни со полнење по желба имаат посебно место во сечиј стомак.

vkusni-i-posni-domasni-krofni-so-polnenje-po-zelba-01.jpg

Овој рецепт ви е неопходен ако сте љубител на благите десерти, имате мали дечиња, или моментално постите.

Потребни состојки:

  • 250ml млака вода
  • Пакетче свеж квасец
  • 800g брашно
  • ½ маргарин
  • 3 лажици шеќер

Подготовка:

Во млаката вода ставете 1 лажичка шеќер со квасецот и 1 лажица брашно. Оставете да нарасне.

Соединете го маргаринот со шеќерот, а потоа додајте ја водата со нараснатиот квасец и замесете тесто.

Оставете тестото да нарасне неколку минути, а потоа растегнете го. Со калапи за крофни или со шолја извадете кругови.

Наполнете едно тенџере со масло, затоа што крофните мора да пливаат додека се пржат. Во маслото спуштете неколку крофни и пржете додека не заруменат.

Кога се готови, исцедете ги на една платнена крпа, проросете со шеќер и наполнете ги по желба.

Служете ги додека се топли.

vkusni-i-posni-domasni-krofni-so-polnenje-po-zelba-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни... Љубител сте на ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg