Направете чоколаден сутлијаш
Феноменална комбинација на сладок ориз и чоколадо која ќе ве врати во детството.
Може да го послужите како здрава ужина за најмалите или пак, како десерт после ручекот. Во секој случај, никој нема да го одбие.
Состојки:
- 1 литар млеко
- 150 g ориз
- 1 ванилин шеќер
- 6 лажици шеќер
- 150 g млечно или темно чоколадо
- 50 g путер или маргарин
Подготовка:
Оставете го млекото да зоврие заедно со обичниот шеќер и ванилиниот шеќер, па додајте го маргаринот. Мешајте додека не се стопи.
Додајте го оризот и варете го околу 20-25 минути.
Додајте го чоколадото и варете уште 15 минути на тивка температура со често мешање.
Чоколадниот сутлијаш е готов кога оризот убаво ќе омекне и ќе стане кашест.
Ако случајно ви излезе малку поредок, секогаш можете да додадете 1 лажица густин или чоколаден пудинг.
Топлиот сутлијаш ставете го во чинии, оставете го да се олади, а потоа декорирајте со коцки чоколадо.