Подгответе: Крцкав печен компир со сланина
Ручек кој се прави брзо, а крајниот ефект е фантастичен! Идеален за кога сакате да го изненадите семејството или пријателите, а да не се потрошите или измачите многу.
Потребно ви е:
- Компири
- 4-5 лажици путер
- 1-2 лажички мешани зачини по желба
- Неколку парчиња тенко сечкана сланина
Подготовка:
1. Добро измијте ги компирите. Ако се млади, нема потреба да ги лупите, а ако кората им е стара и многу валкана, излупете ги половично.
2. Исечете ги со остар нож на неколку кругчиња, но не до крај. Резовите нека завршуваат неколку милиметри пред крајот.
3. На засечените места ставете путер и зачинете, па додајте по малку сланина. Компирот посолете го по вкус.
4. Печете 40 минути на 180 степени.
Послужете ги топли, а може и да нарендате сирење или кашкавал кој ќе се истопи одозгора.