Леб без брашно - рецепт за сите кои го обожаваат, а сакаат да ослабат

Лебот на многумина им е омилен додаток кој го комбинираат со речиси секое јадење. Но, само неколку вкусни кришки може лесно да ви ја нарушат линијата затоа што се преполни со јаглехидрати.

leb-bez-brasno-recept-za-site-koi-go-obozavaat-a-sakaat-da-oslabat-01.jpg

Ако сакате да уживате во сендвич без грижа на совест, направете ја оваа вкусна, мека и далеку поздрава варијанта на леб без брашно.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 100g намаз од сирење
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • Малку сол
  • Хартија за печење


Подготовка:

Во еден сад издвојте ги белките, додајте малку сол и изматете ги во облик на цврст снег.

Во друг сад ставете ги жолчките, сирењето и прашокот за печиво, па добро измиксирајте додека не добиете смеса без грутки.

Во смесата од жолчки постепено додавајте го снегот од белки и постојано мешајте.

На тава за печење постелете хартија за печење, па земајте по малку од смесата и обликувајте кифлички или топчиња. Не заборавајте да оставите доволно простор меѓу секое парче.

Тавата ставете ја во загреана печка и печете околу 25 минути на 150 степени.

leb-bez-brasno-recept-za-site-koi-go-obozavaat-a-sakaat-da-oslabat-02.jpg

Кога лепчето ќе го извадите од рерната, прво ќе ви заличи на печена белка и може да се разочарате. Но, почекајте додека не го пресечете. Тогаш ќе добиете прекрасна текстура.

Може да го полните со кашкавал, моцарела, зеленчук по желба или да го премачкате со некој сладок намаз.

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg